Welcome 2 the club

My photo
Па што да ви кажам ја сум Еми Пашоска ,седмо сум, имам 13 години, тренирам кошарка , обожавам историја , акам корпи по 3 пати на ден и сум ХАКЕРЧЕ но.1 :) Тоа за мене ако сакате екстра прашање па ок ај да пуштам срце еве ви мсн asovi@hotmail.com

Thursday, 1 November 2007

Куче кое е побогато од пола Македонија !!!!!

Бабито е чивава. Единствен мажјак од овој подвид, препознатлив по влакнестите, уши кај нас. Живее во центарот на Скопје. Тоа е првото куче од Македонија кое доби шенген виза. Има десет месеци и тежи само два килограма. Газдарица му е Олгица Божиновска, сопственичка на туристичката агенција "Инекс". За да не се загуби таа веќе му вградила микрочип со идентификатор. Бабито, нагалено Баби живее навистина на висока нога како светскиот џет сет.
Се облака во странство. Носи исклучиво светски брендови за миленици од лондонските фирми "Табита", " Трикси" и " Реди то вег". За прошетките покрај Кеј носи кежуал гардероба , ролки и џемперчиња, а за вечерните излегувања и гала коктели се облекува во мантил со шкотски дезен и носи гердан од 150 евра. Во зима е во капутчето од 350 евра. За шопинг често се шета во луксузна чанта за миленици од марката"Кромбоунс". Во вакви шопинг чанти се шетаат и чивавите на богатата наследничка Парис Хилтон, поп кралицата Мадона, Пинк, Хали Бери и други холивудски диви.
Кога оди на одмор патува во чанта од марката" Малбери". Јаде само специјална пелетирана храна, без шеќер со специјален додаток со мирис на ментол за да не му мириса здивот. По прошетките се одмора во луксузна бела фотеља, специјално направена за него од светски познатиот дизајнер Петер Мали. Се бања само со посебни шампони од алое вера, а редовно посетува и педикир.
Предците на Баби потекнуваат од пустинските предели на Мексико. Тоа е најмалата раса куче во светот. Кинолозите го опишуваат како куче со висока интелегенција кое многу се врзува со своите сопственици. Во Македонија единствената женка и идна невеста на Баби е Пела, миленичката на поп пејачката Кристина Арнаудова


Според мене богатството не е во парите туку во тоа што го носиш во себе.
Среќата,знаењето и љубовта се најголемо богатство кое никој не може да ти го земе.Сепак во денешно време тоа не се практикува многу.Ја сум си презадоволна од мојата финансиска состојба а за кучево можам да кажам дека не заслужува до толку тинтатење + и толку лигавење =)
Ма какво и да е од злато да е КУЧЕ е и ЖИВОТИЊА што во овој случај е третирана како цар,инаку лично ја немам ништо против кучево аирлија нека му е , ама тек сеа глеам дека и ние станавме снобови ко американцине и шпанцине што своите миленици ги третираат како деца а тоа е сосем погрешно според мене и не го одобрувам

За мене чивавата не се кучиња.Боље ќе зеам глушец ќе чувам и ќе се фалам со тоа. А оваа газдарицава, сака да покаже колку пари има со тоа што ќе го дотерува кучето, овлекувајќи го најскапо.Ц ц ц, не ми се верува. Има луѓе кои немаат кај да живеат, немаат што да јадам, се борат за корка леб... Или на типкава и фали љубов и внимание, па го добива тоа од кучето (или не) или мисли дека Парис Хилтон е штосна со нејзиното па сеа она да покаже дека и во Македонија има "богати и славни"...До каде ќе иде светов, не знам..

I HATE CHIVAVAS !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

No comments: